ЕДНА ПОБЕДА И ДВА ПОРАЗИ ЗА БОРАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЗАГРЕБ

април 17, 2023
0 min read

Со победа и два порази борачите на Македонија го отворија Европското Првенство кое денес започна во Загреб (Република Хрватска). На програмата беа натпреварите од 1/8 финалето.

Победата ја донесе Ахмад Магомедов во категоријата до 79 килограми. Нашиот репрезентативец беше доста супериорен и со 8:0 го совлада својот противник Станислав Новак од Молдавија. Следен противник на Магомедов во 1/4 финалето ќе биде грчкиот репрезентативец Георгиус Коугимцидис.

Добиен натпревар загуби Фати Вејсели. Тој во категоријата до 70 килограми иако имаше предност над својот противник Патрик Оленцзин од Полска од високи 9:2 сепак натпреварот го загуби со резултат 9:11.

Пораз забележа и Могамедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми. Нашиот репрезентативец загуби од Полјакот Збингниев Барновски 2:5.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ