ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ДВА ФЕСТИВАЛА ВО БУГАРИЈА

јуни 11, 2024
0 min read

Педесетина членови на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари учествуваа на два фестивала во Бугарија.

На Меѓународниот детски етнофестивал „Децата на Балканите – со духовност во Европа“ одржан во Минерални Бањи, Хасково, членовите на „Љупчо Сантов“, на возраст од 11 до 14 години, освоија Специјална награда и трето место за инструментален настап. На сцената во Летниот театар во Општина Минерални Бањи годинава учествуваа повеќе од 1.800 деца од седум земји. Во текот на двата фестивалски дена беа прикажани 299 уметнички кореографии.

ФА „Љупчо Сантов“ учествуваше и на 121. Празник на розата, што се одржан во Казанлак, збратимена општина со Кочани. Членовите на Ансамблот имаа четири настапи на оваа манифестација и беа дел од дефилето со над 10 илјади учесници од Бугарија и од пет држави.

Ансамблот продолжува со повеќе активности во летниот период од годината.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ