ФФМ ПОКРЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
август 31, 2025
1 минути

Комисијата за натпревари при  ФФМ на седницата одржана на 27.08.2025 година меѓу донесените одлуки за натпреварите од 01-то коло во Втора МФЛ изречена е и парична казна за ФК „Осогово“ – Кочани и против истиот покрената е дисциплинска постапка и клубот е предаден на Дисциплинската комисија при ФФМ, а се поради прекинот на натпреварот во Македонска Каменица „Каменица Саса“ – „Осогово“ одигран во рамките од првото коло во втора Фудбалска Лига.

Еве што стои во одлуката на ФФМ:

Врз основа на записниците и делегатските извештаи од одиграните натпревари од 1коло во Втора МФЛ сезона 2025/26 Комисијата за натпревари на ФФМ го констатираше следното:

1.1.Согласно записникот и делегатскиот извештај, од натпреварот ФК КАМЕНИЦА САСА – ОСОГОВО,од 1-вото коло на Втората МФЛ, сезона 2025.26, одигран на ден 23/08/2025 година со почеток во 17:00 часот, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица, е констатирано дека гостинските навивачи “Сејмени“ на неколку моменти упатувале навредливи зборови против судијата и во еден момент скандирале шовинистички навреди (за шиптари гасна комора). По интервенција на делегатот, судијата ги повикал капитените на екипите, кои ги смирија навивачите по што истите продолжиле да навиваат коректно.

Исто така гостинската навивачка група  СЕЈМЕНИ употребила три „димни“ бомби  и истите биле употребени надвор од теренот за игра, како и една петарда, која исто така беше употребена надвор од теренот за игра.

Согласно горенаведеното, против ФК ОСОГОВО – Кочани се покренува дисциплинска  постапка и клубот се предава на Дисциплинска Комисија на ФФМ.

1.2. Согласно записникот и делегатскиот извештај, од натпреварот ФК КАМЕНИЦА САСА – ОСОГОВО,од 1-вото коло на Втората МФЛ, сезона 2025.26, одигран на ден 23/08/2025 година со почеток во 17:00 часот, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица, е констатирано дека гостинските навивачи СЕЈМЕНИ, на самиот почеток на натпреварот на терен фрлиле ролни со хартија, со што натпреварот бил во прекин една минута додека истите не бииле тргнати од теренот од страна на играчите и другите лица. Согласно горенаведеното, а во врска член 35, став 1 од Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ за сезона 2025/26, на ФК ОСОГОВО – Кочани му се изрекува автоматска казна од 150 (сто и педесет)  Евра во денарска противвредност.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ