Зачестија ридско-брзинските трки на патниот правец Кочани-Пониква. Ако минатите години се знаеше кога еднаш годишно се одржуваше трката на овој патен правец, последните години зачестија, како во целата земја да нема други патеки па мора повторно и повторно да се одржуваат овде.
По се изгледа на некој му дошло преку глава па денес на местото каде што е предвидено да биде стартот на трката некој реализирал герила акција.
Инаку во Сабота и Недела на патниот правец Кочани-Пониква ќе се одржи ридско брзинската трка.
Како и кога е направена акцијата некој не знае.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ