Жителите на Кочани револтирани од бучавата што се создава при празнење на контејнерите особено во раните утрински часови со писмено обраќање, се со цел да го свртат вниманието на одговорните во КЈП „Водовод“ кои се надеваат дека ќе преземат нешто.
„Почитуван уредник на интерет порталот Комарец, повод за да ја напишам оваа порака ми даде текстот на вашата ф-бук страна,,Ноќни лудории, дневни должности.. Со оваа порака сакам да поттикнам за еден проблем кој сигурно и вие го осеќате на ваш грб. Имено станува збор за буката која ја ствараат екипата на водовод при нокното празнење на контејнерите.Иако камионот во кој ги празнат контејнерите е нов и не се ни слуш дека работи, буката ја ствараат работниците кој ги трескаат контејнерите за да го испразнат ѓубрето до крај. Пошто станува збор за активност што ја обавуваат во раните утрински часови (сега во 4,30 часот) кога е мртва тишина, буката што ја ствараат е неподнослива. Поради ова апелирам до сите што се засегнати од овој проблем да се организираме и да напишеме едно протестно писмо до „ КЈП Водовод“ кои се надевам ке имаат разбирање за овој проблем и ке се обидат да најдат соодветно решение..
..поздрав.“
Жител на Кочани