По повод 10 годишниот јубилеј на Хелен Дорон Македонија, овој викенд во хотел Сириус во Струмица се оддржа голема прослава во која беа присутни сите франшизери и сертифицирани Хелен Дорон учители во франшизната мрежа на Хелен Дорон во Македони
На присутните им се обратија најзаслужните поради кои овој бренд постои во државата и успешно функционира 10 години, мастер франшизерите Валентина Динова и Јасмина Шилегова.
Валентина Динова во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од постигнатите резултати и рече: „Оваа десетгодишнина е потврда за нашата посветеност кон квалитетот, иновацијата и пред сè, децата на Македонија. Благодараме на сите родители, учителите, франшизери и сите останати кои се дел од нашата заедница кои веруваа во нас и нè поддржуваа во нашиот сон.”
„ Зад нас е декада на инспирација, многу работа, посветеност и трафнсформација. После 10 години, со 17 отворени училишни центри и над 2000 активни ученици, без скормност можеме да кажеме дека сме лидери во неформалното образование во државата и направивме вистинска трансформација во образнованието на децата во нашата држава.
Поминавме многу битки, многу предизвици сите заедно, но останавме силни и посветени,и најважно од се сплотени во нашиот сон.
Секој од нас има своја уникатна приказна што нè доведе тука, но сите имаме една заедничка цел која не спојува – нашата верба во потенцијалот на секое дете. Вербата дека преку квалитетно образование, можеме да ја менуваме судбината на нашите деца, и преку тоа – судбината на целиот свет “– додаде Валентина Динова.
Јасмина Шилегова мастер франшизер на Хелен Дорон Македонија им се обрати на присутните со инспиративен говор: Среќа е нешто кога сами го создавате! Среќа е кога на прв поглед се заљубив во квалитетот на едукативниот метод на Хелен Дорон. Љубовта, трудот, вложеното време, непроспиените ноќи, немаат цена, тоа не се брои со бројки. Сето тоа низ годините го мерев со среќата што ми ја исполнуваше душата и сознанието дека придонесувам за правилно насочување на генерации на деца.
Благодарна сум што сум дел од Helen Doron Global и што ја имам најголемата поддршка. 10 години квалитетна едукација на деца, менаџирање, обуки, конференции, семинари, вложување во себе…
Јасмина додаде: Денес за мене е ден на благодарност. Со оваа работа научив да бидам благодарна. Ви благодарм на сите вас што сте овде. На сите учители кои си го оставате срцето во училницата, на сите франшизери кои 10 години се вложуваат оваа приказна да успее и на целиот тим на Хелен Дорон Македонија за безрезервната поддршка. Сето оваа е наш заеднички успех.
Таа на крај од прославата додели благодарници на сите заслужни и им порача:
Оваа е само почеток. Следува нова декада на развој и трансформација на неформалното образование во Македонија. Хелен Дорон Македонија ќе продолжи да инвестира во квалитетот на образование кое го нуди, на обуки на нашите учители, конференции и во имплементација на нови програми и алатки за учење. Целта е јасна. Менување на животот и можностите за подобра иднина на децата од нашата држава.
За Helen Doron English:
Helen Doron English е светски лидер во едукацијата за деца со присуство во повеќе од 40 држави. Основата на Хелен Дорон едукацијата, е ревулуционерната методологија која се базира на природниот процес на учење на англсики јазик како мајчин јазик со над 20 програми за деца од 3 мсечни бебиња до 19 годишни тинејџери, која денеска е прифатена и ценета од страна на милиони деца и нивни родители низ целиот свет.
Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија резервирајте си бесплатен ДЕМО час
Хелен Дорон Кочани 071 314 499
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ