Се одиграа натпреварите од 23-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ со добро организирана игра по целиот терен не и дозволи на „Беласица“ да дојде до три бода и да им избега на кочанчани во борбата за петото место на табелата. Во Струмица мрежите мируваа што значи дека и „Беласица“ за „Осогово“ беше една лесна попатна станица. По шесте пролетни победи, денешниот нерешен резултат и само еден пораз „жетварите“ докажаа дека се вистински хит во пролетниот дел од првенството.

По одиграното коло и сигурната победа на „Брегалница“ против „Скопје“ на гостински терен борбата за првото место се разгоре. „Охрид“, „Брегалница“ и „Шкендија“ (А) со по 52 бода продолжуваат во борбата за највисок пласман.
Детонит Плачковица“ и се врати на победите на домашен терен, откако денес вп неизвесен натпревар ја совладаа екипата на „Кожуф“. „Охрид“ и „Шкендија“ (А) немаа проблеми со своите противници , како и „Каменица Саса“ на гостувањето кај „Преспа“, а „Слога 1934“ ја забележа првата пролетна победа.

Резултати од 23-тото коло:
Беласица – Осогово 0:0
Шкендија (А) – Тетекс 2:0
Слога 1934 – Победа 4:2
Детонит Плачковица – Кожуф 3:2
Големо Коњари – Вардар (Н) (се игра во недела)
Скопје – Брегалница 0:1
Охрид – Новаци 3:0
Преспа – Каменица Саса 1:4
Во следното коло „Осогово“ ја пречекува „Шкендија“ од Арачиново.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
