Во пресрет на Првомајските и Велигденските празници, од страна на Здружението „Еко Тим Исток“ во рамки на проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ граѓаните на Кочани на м.в. „Бавчалук“ добија обновена урбана опрема за одмор и уживање. Дел од опремата беше заменета со нова, а дел обновена и со нов сјај.
Здружението „Еко Тим Исток“ упатува АПЕЛ до граѓаните да не ја уништуваат и оштетуваат опремата за да истата има подолг век на траење.
Проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ на Здружението „Еко Тим Исток“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ