Локална

ПОВТОРЕН ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ХЕПЕНИНГ „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2023“
Општина Кочани распиша повторен оглас за организирање на хепенингот „Денови на кочанскиот ориз 2023“, што ќе се одржи од 27 септември до 5 октомври на целата парцела на Градскиот парк во Кочани. По пат на јавно наддавање ќе биде избран правен субјект што ќе треба да обезбеди најмалку пет монтажни објекти и штандови изработени од…

НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ ДОДЕЛЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ОПШТИНСКИ НАГРАДИ
Денеска, 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани. На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше свое обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период помеѓу двата празника, а беа доделени и највисоките општински награди за животно дело и наградата за значајни…

СО ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ И ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА
По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов…

ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ХЕПЕНИНГ „ДЕНОВИ НА ОРИЗОТ 2023“ ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
По повод исполнување на програмата на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ и претстојните културни настани кои ќе се случуваат во Градскиот парк во периодот од 29 септември до 1 октомври, Општина Кочани распиша оглас за организирање Хепенинг „Денови на кочанскиот ориз 2023“ кој ќе се одржи од 27 септември до 5 октомври. Почетната цена…

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА НАЈУСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во склоп на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“, Општина Кочани распиша оглас за избор на најдобар земјоделец (производител на ориз) на општина Кочани. Правото на учество во постапката за доделување на наградата за избор на најуспешен земјоделец, критериумите и сите останати информации за распишаниот оглас се наоѓаат на веб страницата на Општина Кочани на…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖA 32. РЕДОВНА СЕДНИЦА
Советот на Општина Кочани ја одржа 32. седница, на чиј дневен ред се најдоа 21 точка. Членовите на Советот го верифицираа мандатот на новиот член на Советот Гоце Марков којшто доаѓа на местото на Перо Георгиевски. На дневниот ред се расправаше и беше усвоен извештајот за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПО ПОВОД ИЛИНДЕН – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
Илинден е континуитетот на македонската историја, симболот на победата што ги обединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944. Илинден е македонската државотворност во која се вградени непокорот и победата – стремежот на револуционерите илинденци и асномското остварување на сонот за слободна македонска држава. Илинденските идеали нека ни бидат водилка за слободна македонска држава во…

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и Награда за животно дело. Наградата за значајни остварувања се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани и е во форма на плакета. Наградата за животно дело…

ЗА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ ЗАКАЖАНА 31-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
В понеделник, на 31 јули, со почеток во 12 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 31. седница, на чиј предлог-дневен ред се следниве точки: Годишен план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2024 година Предлог-програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“…

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Општина Кочани континуирано ја реализира програмата за периодично одржување на јавните патишта и улици. Во тек е бележењето на хоризонталната сигнализација, работи кои се од општ јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено внимание, претпазливост, доследност и одговорност од сите учесници во…