Локална

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА  КРАЊ   И  НЕГОВИОТ  ЗАМЕНИК  ВО  ПОСЕТА  НА  КОЧАНИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРАЊ И НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

Денеска градоначалникот на Општина Крањ, Република Словенија Матјаж Раковец и заменик-градоначалникот Јанез Черне беа во посета на Општина Кочани. Најнапред во општинската зграда остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, којшто ја претстави нашата општина со сите нејзини знаменитости, природни и културни богатства. Во склоп на денешната посета, делегацијата од Р. Словенија беше…

ВИСОКА  ШВАЈЦАРСКА  ДЕЛЕГАЦИЈА  ВО  ПОСЕТА  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ

ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Во текот на вчерашниот ден, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани, меѓу кои високи претставници на SDC и SECO во Берн, потоа Françoise Salamé, проектниот менаџер за Северна Македонија во SECO, Cliff Hammer, регионалниот советник и Станислава Додева, национален програмски советник во Швајцарската канцеларија за соработка. Најпрвин беше остварена посета на Пречистителната…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  НА  СРЕДБА  СО  УЧЕСНИЦИТЕ  НА  МЕЃУНАРОДНИОТ  ФОЛКЛОРЕН  ФЕСТИВАЛ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СРЕДБА СО УЧЕСНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ

Во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а по повод верскиот празник Ѓурѓовден, вчера започна деветтиот Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, којшто оваа година се одржува од 5 до 8 мај. По тој повод, денеска гости од Црна Гора, како и членови на Фолклорниот ансамбл „Бјела“ од Херцег Нови,…

СОВЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЈА  ОДРЖА  11  СЕДНИЦА

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 11 СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа единаесеттата редовна седница на која работеше по пет точки од дневниот ред, одложени од претходната седница. Членовите на Советот ги усвоија измените во развојните програми и ребалансот на Буџетот, кои доаѓаат како резултат на високите сметки за електричната енергија Општина Кочани. Градоначалникот Љупчо Папазов истакна дека со корекциите во…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЉУПЧО  ПАПАЗОВ  СО  ЧЕСТИТКА  ЗА  РАМАЗАН  БАЈРАМ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели: Почитувани, Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, на сите верници од исламската вероисповед во Кочани им го честитам и им посакувам овој празник да донесе спокој, мир и радост во…

ОДРЖАНА  10.  СЕДНИЦА  НА  СОВЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ

ОДРЖАНА 10. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Советот на Општина Кочани ја одржа десеттата редовна седница, на која донесе одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување. На расправата по оваа точка градоначалникот Љупчо Папазов ја истакна итноста од основањето на ова претпријатие, со чија работа очекува заштедите да бидат поголеми од трошоците. Членовите на Советот ги…

ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА  ДОБИЈА  65  НОВИ  ТАБЛЕТИ  ЗА  НАСТАВА

ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ДОБИЈА 65 НОВИ ТАБЛЕТИ ЗА НАСТАВА

Денеска градоначалникот на Општина Кочани изврши примопредавање на 65 таблети наменети за основните училишта од општината, во присуство на директори и вработени од училиштата. Распоредот и бројот на наменетите таблети е изготвен од страна на Министерството за образование и наука, согласно претходно доставените барања до МОН од страна на училиштата. Распределените таблети ќе се користат…

ВЕЛИГДЕНСКА  ЧЕСТИТКА  ОД  ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЉУПЧО  ПАПАЗОВ

ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Во пресрет на најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, празникот над празниците, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници, со желби за добро здравје, мир, разбирање и благодет. Христовото…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ЉУПЧО  ПАПАЗОВ  СО  ЧЕСТИТКА  ПО  ПОВОД  ДЕНОТ  НА  РОМИТЕ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РОМИТЕ

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до сите припадници на ромската заедница, во која се вели: „Почитувани сограѓани, Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам многу здравје, мир…

СООПШТЕНИЕ  ЗА  ЈАВНА  ТРИБИНА  ВО  ВРСКА  СО  ПОДГОТОВКА  НА  ЛМС

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНА ТРИБИНА ВО ВРСКА СО ПОДГОТОВКА НА ЛМС

По формирањето на Локалниот младински совет и верификацијата на неговите членови  од стана на Советот на Општина Кочани, Советот на млади одржа две работни средби. На првата работна средба, односно на првата одржана седница за  Претседател на Локалниот младински совет едногласно беше избран  Иле Матеничарски, долгогодишен член и волонтер во Општинската организација на „Црвен Крст“ Кочани, а за заменик-претседател е…