Локална
НА КРАЈОТ ОД ПРОЕКТОТ „РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА ДЕЛ ОД КОЧАНСКА РЕКА“ СО НЕКОЛКУ НЕДОСТАТОЦИ
Како што стојат работите на терен по повлекувањето на механизацијата од коритото на Кочанска река по изгледа дека проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“ е завршен. Но ако се појде на самото место каде се изведуваа работите ќе се забележат низа недостатоци кои сепак му даваат една грда слика на целиот проект…
КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК: ИНСТИТУЦИИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вчера се одржа координативен состанок со претставници од институциите одговорни за зимско одржување на локалната патна инфраструктура. На работната средба градоначалникот Папазов ја истакна неопходноста од добра меѓуинституционална соработка заради успешно справување со временските услови што претстојат. Одговорните од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, како институција надлежна за…
ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЈАВИ ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ
Општина Кочани е една од десетте во државата, каде ќе се спроведуваат обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обуки за развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини…
БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛ АНГЕЛОВ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ
Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, заедно со неговата сопруга Билјана Ангелова и дел од тимот на Бугарската амбасада, денес беше во посета на Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Љупчо Папазов. Заедно со амбасадорот Ангелов беше присутен и Петар Петров, прв секретар на Бугарската амбасада. Денешната средба им овозможи на градоначалникот Љупчо Папазов…
СО ПРОЕКТИТЕ „ПОДДРШКА“ И „НЕГА“ – АНГАЖИРАНИ 24 ЛИЦА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
Денеска во просториите на Мултикултурниот центар, се одржа промотивна средба со ангажираните лица во програмата Oпштинско корисна работа за 2021 г. „Целта на Програмата ОКР е од една страна да бидат вклучени невработените и тешко вработливите лица во пазарот на трудот и да станат поконкурентни, а од друга страна да се подобри квалитетот на живот на…
НА 10 ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА
Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2022 година. Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита…
РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
По одржаната трета седница на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на 26 ноември 2021 година, од страна на членовите на Собранието, беше изгласано повторно распишување на јавниот повик за пријавување членови на Младинскиот совет на Општина Кочани, заради недоволен број номинирани кандидати на претходно распишаниот јавен повик во месец јули годинава. Новораспишаниот јавен…
ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Локалното собрание на млади на Општина Кочани, денеска во салата за состаноци на Општина Кочани ја одржа третата седница. Поради тоа што на претходниот јавен повик кој беше распишан на 01.07.2021 година и траеше 15 дена од денот на распишување немаше доставено доволен број пријави, т.е. доволен број номинирани кандидати за членови на младинскиот совет,…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА ОБНОВУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО КОЧАНИ
Почитувани, Обновувањето на хоризонталната сигнализација пред почетокот на овогодишната учебна година не е реализирано заради одолговлекување и некомуницирање од страна на избраниот изведувач „Валаски градба“ ДООЕЛ с. Злеово, Радовиш. Имено, Општина Кочани согласно законските регулативи и оперативните планови од Програма за улици и патишта благовремено објави тендерска набавка. По тендерската објава се јавија три економски…
УСВОЕНИ РАЗВОЈНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА 2022 ГОДИНА, ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Советот на Општина Кочани на втората редовна седница ги усвои новите развојни програми за претстојната 2022 година. Според Програмата за уредување на градежно земјиште, во 2022 година ќе се наменат 39.700.000 денари за изградба на објекти од комунална инфраструктура со кои ќе се обезбеди непречен пристап до градежната парцела од јавен пат и ќе се…