Ја известуваме јавноста дека околу 19 часот вчера (недела) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е целата горна површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид на комунален отпад. Во текот на ноќта пожарот од површината на депонијата поради засилениот ветер се прошири и во подножјето на депонијата.
По добиената дојава за пожар, екипите на КЈП “Водовод” Кочани веднаш излегоа на терен и активно учествуваа во локализирањето на истиот. Во локализирањето на пожарот учествуваше и ТППЕ Кочани со едно возило и 5 пожарникари. Исто така кон напорите за локализирање на пожарот во доцните вечерни часови се приклучија и доброволците од ДПД со 4 пожарникари и 1 возило
.
Денес екипите на КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани активно продолжува со активности за целосно неутрализирање на пожарот на градската депонија. Во акцијата се вклучени дополнителни цистерни со вода како и тешка механизација во сопственост на КЈП “Водовод” Кочани, но и специјализирана механизација на приватни стопанственици.
Активно се работи на гасење на депонијата со вода, но и затрупување со земја.
Поради тоа што постои основано сомнение дека пожарот е подметнат, за истиот е известен МВР – ОВР Кочани. Бидејќи на градската депонија е евидентно присуство на повеќе лица кои собираат отпад и таму живеат со своите малолетни деца, за истото е известен и Центарот за социјални работи во Кочани. Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!
КЈП „Водовод“-Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ