КЈП „ВОДОВОД“ ЈА РАСЧИСТИ ДИВАТА ДЕПОНИЈА, СЕ АПЕЛИРА ЗА СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

декември 28, 2021
1 min read

Во текот на денешниот ден КЈП „Водовод“ – Кочани ја расчисти дивата депонија на локацијата „Кај антената“ во Трајаново Трло, откако ден претходно инспекциските служби од Општина Кочани со поддршка од полицијата излегоа на терен со увид и опомени кон населението.

Воспоставена е и дежурна екипа со инспекциски служби коишто ќе бидат на терен и по работното време, се со цел да се спречат и санкционираат сите кои ја загадуваат животната средина во општината. Прекршителите на Законот за животна средина, граѓаните можат да ги пријават на телефонските броеви на инспекциските служби од Општина Кочани   076/397-053  и  072/275-694.

Општина Кочани апелира за совесно и одговорно однесување кон животната средина и пријавување на сите проблеми со загадувањето на околината.

Општина  Кочани