Како што не информираат од КЈП „Водовод“ претпријатието не е повеќе без електрична енергија.
Пред два дена сите погони заедно со Управната зграда повторни имаат електрична енергија.
За потсетување, на 20 Октомври поради неизмирен долг кон ЕДС – Скопје на КЈП „Водовод“ од Кочани му беше прекината испораката на струја кога неколку објекти меѓу кои и Управната зграда останаа без електрично напојување.
Работата во претпријатието продолжува.
С. Ивановски