КЈП „ВОДОВОД“ – ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА КОЧАНСКИ ПАНАЃУР ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

септември 25, 2023
1 min read

Во согласност со одобрението бр.03-1700/2 од 21.09.2023 год. (наш бр. 03-311/2 од 22.09.2023 год.) издадено од Општина Кочани за користење на простор за организирање на панаѓур во Кочани и одлука бр. 02-317/3 од 22.09.2023 год., донесена од Управниот одбор на КЈП Водовод Кочани, за утврдување почетна цена за јавно наддавање за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур во 2023 год., Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање, формирана со одлука бр.02-317/2 од 22.09.2023 год. од страна на Управниот одбор, објавува

О Г Л А С

за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур по пат на јавно наддавање

  1. Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП

бр.15493/1 и КП бр.15493/2, на дел од ул.„Скопска“ што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада“со вкупна површина од 3000 м2.

  1. Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 19.10.2023год. до 23.10.2023 год. (четврток, петок, сабота, недела и понеделник)
  2. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.800.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање минимум 10.000,00 ден.
  3. Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 03.10.2023 год. во 12.00 часот во просториите на КЈП Водовод Кочани, ул.Д-р Николиќ бр. 64, Кочани.
  4. Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП Водовод Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Како доказ да се достави Тековна состојба не постара од 6(шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка. Уплатата ќе се врши на ж-ска 300050000008715 Комерцијална банка Скопје.
  5. На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца

учесници-правни лица. Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано. Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе ја преземе КЈП Водовод Кочани.

  1. На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.
  2. Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП Водовод Кочани.
  3. Со најповолниот понудувач КЈП Водовод ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
  4. КЈП Водовод Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни чвора и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
  5. Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите како и приклучокот за електрична енергија за корисниците кои ќе имаат потреба од истата (грилови, крофни, шеќерен памук и друго). Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП Водовод Кочани, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.
  6. Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-112.

Претседател на Комисија