Здружени сили на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Територијалната противпожарна единица – Кочани и волонтерте на Црвениот крст денеска спроведоа пролетна еко – акција за пошумување и озеленување на површините кај местото викано Пресечана скала над Кочани.
На површините кои пред неколку години настрадаа во шумски пожар беа засадени 600 садници на млад багрем, со поддршка на на ЈП „Национални шуми“ – подрачна единица Кочани.
Црвен крст Кочани, ДПД – Кочани и ТППЕ – Кочани во текот на годината, најчесто напролет и наесен реализираат заеднички акции за пошумување преку кои покажуваат општествена одговорност, грижа за заедницата и пред се со цел обновување на на шумскиот фонд на Осоговските Планини.
Садниците млад багрем беа обезбедени од страна на организаторите на настанот и Ротари клубот „Кочани – Виница“.