Како што ни јавува наш читател, утринава група на кучиња бездомници се однесувале доста агресивно кон минувачите. Локацијата е кај зградата „Белведере“ а како што ни посочува нашиот читател според него кучињата делувале дезориентирано па претпоставува дека некој ги истоварил во овој дел на градот.
Неколку минувачи уплашени за својата безбедност од агресивните кучиња побарале спас во влезот на зградата.
Што ќе се случи доколку се нападне некое дете може само да се претпостави. Страв и трауми за цел живот.
Вчера добивме од Општина Кочани соопштение за спроведена акција за заловување на кучиња, а колку се заловени не се знае.
На толку партиски вработувања нека се вработат барем уште 2-3 лица, нека се направи еден стационар на државно земјиште, нека тие вработени во договор со угостителските објекти го собираат остатокот од храна, нека ги хранат и нека се грижат за нив. Така ќе биде поевтино за општината, во спротивно секое каснување од кучиња бездомници носи и соодветен надомест за каснатото лице што не е ни малку мала сума.
С. Ивановски