МАРКО СОКОЛОВ СЕ ВРАТИ ВО „ОСОГОВО“

август 21, 2024
1 min read

По една полусезона поминато во „Каменица Саса“ од вчера (Вторник) Марко Соколов се врати во матичниот клуб „Осогово“.

Соколов во минатата есен  во стартниот состав започна на натпреварот против „Победа“ во Прилеп кога кочанските „жолто-сини“ по изедначена игра загубија со 0:1.

Со влегувањето во стартните единаесетмина одбраната на „Осогово“ со Марко Соколов доби на сигурност па „жетварите“ почнаа да играат посигурно и да освојуваат бодови кои на крајот се покажаа како пресудни во борбата за опстанок.

Со враќањето на Соколов во матичниот клуб љубителите на фудбалот во Кочани се надеваат дека одбраната на „Осогово“ ќе добие на сигурност бидејќи во подготвителните натпревари и во првото есенско коло се покажа дека ттому таков играч му е потребен на кочанскиот второлигаш.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ