МЕЃУНАРОДЕН КАРАТЕ ТУРНИР „ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА, ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“

март 31, 2024
1 min read

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Кизаме“ и Карате Клуб „Тигар“ денес во спортската сала „Кале“ во Скопје се одржа Меѓународниот карате турнир „Гранд При Македонија“,

Ова е еден од најмасовните карате турнири во Македонија за што сведочи податокот дека денес учествуваа 757 натпреварувачи кои имаа право да се натпреваруваат во 2 и повеќе  категории па гледачите имаа можност да видат повеќе од илјада борби.

Карате Клуб „Кочани“ на турнирот учествуваше со пет натпреварувачи кои имаа настап во вкупно осум категории.

Алексеј Ристов – У-10  (30), 5-то место;

Илинка Костадинова – У-12 (40) 9-то место и У-12 (44) 5-то место:

Душанка Ристова – У-12 (36) 9-то место и У-12 (40) 5-то место;

Лука Ѓоргиев – „кадети“ (57) 3-то место

Наталија Карова – „јуниори’ (48) 5-то место и У-21 (50) 3-то место.

 

„Задоволен сум од настапот на сите наши натпреварувачи. Двајца  стигнаа до третото место но оние што не се пласираа во првите тројца сепак во една ваква голема конкуренција имаа добри борби и оставија солиден впечаток. Се надевам овој турнир за сите нив ќе биде голем поттик за уште повеќе тренирање и резултатите кога тогаш ќе почнат да доаѓаат. За мене како тренер на екипата најголем и најдобар впечаток остави најмладиот натпреварувач Алексеј Ристов кој имаше навистина три солидни борби“ беше изјавата на Игор Каров – тренер на КК „Кочани“.

Ќе остане забележано дека на денешниот турнир учествуваа каратисти од 13 земји: Македонија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија Хрватска, Египет, Унгарија, Ирак, Косово, Црна Гора, Србија, Словенија и Украина.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ