МОЛКОТ ОД КЈП „ВОДОВОД“ ПОРАДИ ИСКЛУЧЕНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОДОЛЖУВА

октомври 21, 2022
0 минути

Иако поминаа повеќе од 24 часа од исклучувањето на електричната енергија во некои објекти заклучно со управната зграда од КЈП „Водовод“ никаква реакција.

Ним како да им е најголем приоритет отворањето на „Кочанскиот панаѓур“ и присуството на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во Кочани, отколку информацијата која граѓаните на Кочани кои ја полнат инаку касата на ова комунално претпријатие желно ја очекуваат.

Со право се реакциите на дел од граѓаните кои стравуваат дека можеби ќе останат и без вода и без да им се собира сметот иако редовно си ги плаќаат сметките.

Според законските нормативи електричната енергија ни под било кој основ не смее да биде исклучена од „Фабриката за вода“ а како што дознаваме и сметот редовно ќе се собира бидејќи бензинската пумпа на комуналното претпријатие лоцирана во Стопански двор работи.

Е сега зошто уште нема никакво соопштение од надлежните во КЈП „Водовод“ е друга приказна. По се изгледа тие чекаат Градоначалникот и Советниците од Советот на Општина Кочани да седнат, да се испазарат и тие да им го решат проблемот иако сите знаат дека превработеноста со партиски кадри која трае со години е најголемиот проблем а згора на се од менаџерскиот тим биле планирани во следната година нови вработувања.

Дали сека се ќе биде по џебот на граѓаните не знаеме но стравот на многумина дека цехот ќе го платат токму тие  донекаде можеби е и реален.

Ајде да чекаме да помине викендот, да завршат панаѓурските радости па можеби на почетокот на следната седмица и ќе дознаеме дали и како ќе биде платена електричната енергија и која ќе биде судбината на ова комунално претпријатие.

С. Ивановски