Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани за Вторник (10 Октомври) со почеток во 18:00 часот најавена е промоција на книгата „Да се убие, себе во себе“ чиј автор е Доне Донев.
Водител на настанот е м-р Љупка Стојменова а како учесници во промоцијата ќе се појават проф. д-р Марија Соколова, м-р Љубинка Ајтовска и проф. Александар Димитров.
Промоцијата е закажана во Мултикултурниот Центар во Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ