ОДРЕДЕНИ ГРУПИТЕ ЗА 50 ИЗДАНИЕ НА „ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ЧЕШИНОВО 2022“

Во Спорт
јуни 26, 2022
1 минути

Дванаесет екипи ќе се борат за победничкиот пехар на годинешното јубилејно 50 издание на „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2022“.

Во сите четири групи се најдоа по три екипи со тоа што групата „4“ ја сочинуваат три младински екипи за играчи родени 2003, 2004 и 2005 година.

Група  „1“  –  Чифлик, Бање, Крупиште

Група  „2“  –  Соколарци, Теранци, Тркање

Група  „3“  –  Чешиново, Карбинци, Облешево

Група  „4“  –  Академија Пандев, Осогово, Слога 1934

„Почитувани љубители на фудбалот, ја користиме оваа прилика да ве известиме дека ова е јубилејна година од постоењето на Илинденските Спортски Игри, 50 години постоење. Поради фактот дека живееме во период на пандемија како и се помалиот интерес кај учесниците, ние како организатори на турнирот оваа година се потрудивме да внесеме некои новини на самиот турнир за што сметаме дека истите ќе го зголемат квалитетот на турнирот но и дека ќе ја вратиме публиката. На наше големо задоволство годинава поканата ја прифатија и екипите како Академија Пандев, Осогово и Слога 1934 кои ги сместивме во една група а истите ќе настапат со младински категории, односно деца родени 2003, 2004 и 2005 година. За нас сепак е несфатливо како може екипи како што се Зрновци, Спанчево и Кучичино кои се дел од традицијата на игрите и кои имаат оставено силен белег на самиот турнир да не покажат интерес за нивно учество“ беше изјавата од организаторите на годинешните „ИЛинденски Спортски Игри – Чешиново 2022“.

С. Ивановски