ООУ „Никола Карев“ – Кочани започна со нов проект кој е во соработка со наставниците по физичко и здравствено образование,наставничката по ликовна уметност и училишниот дефектолог а е наменет за деца со посебни образовни потреби.
„Од денес па се до завршувањето на учебната година секоја (сабота од 10:00 до 11:00 часот ) ќе се одржуваат бесплатни часови за физичка активност за овие деца се со цел преку овие физички активности да им помогнеме да ги совладуваат своите секојдневни потреби и сами да си ги извршуват своите работни задачи“ изјавија од „ООУ Никола Карев“ – Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ