ОСУМ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“

мај 15, 2022
0 min read

Во организација на Карате Федерацијата на Република Северна Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Солидарност“, денес во Скопје се одржа Дваесеттото  издание на Меѓународниот Карате Турнир „Солидарност опен 2022“..

Карате Клубот „Кочани“ на првенството учествуваше со 10 свои натпреварувачи кои освоија 8 медали од кои 1 златен и 7 бронзени.

На својот прв настап на еден ваков турнир Лука Златков го освои златниот медал, додека со бронза се закитија: Наталија Карова до 47 кгр. (кадети), Надица Наунова до 47 кгр. (кадети), Илија Охомуш до 70 кгр. (кадети), Иван Арсов +70 кгр. (кадети), Верица Карова +59 кгр. (јуниори), Наталија Веселиновска +59 кгр. (јуниори) и Петар Николов +76 кгр. (јуниори).

„Задоволен сум од настапот на сите натпреварувачи. Го дадоа својот максимум и стигнаа до медалите. Со поголема концентрација и малку поповолна жрепка некои медали ќе беа со посилен сјај. На турнирот едниот дебитант на ваквите натпреварувања Лука Златков стигна до златниот медал, додека другиот дебитант Џијан Незиров кој имаше поискусни натпреварувачи во категоријата остана без медал. Продолжуваме со работа и во очекување сме на нови предизвици и нова жетва на медали“ рече Игор Каров тренер на Карате Клуб „Кочани“.

С. Ивановски