Неполни 24 часа по нашата објава дека кабел има надвиснато кај платото на блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар веднаш реагираа од Локалната самоуправа и истиот денес беше отстранет.
Уште во текот на вчерашниот ден кога беше поставена објавата на нашиот портал од Локалната самоуправа контактирале со оние кои имаат и кои имале кабелски телевизии во градот, да видат чиј е и истиот да го отстранат.
Како никој не сакал да преземе одговорност днес мораше истиот да биде отстранет од страна на Локалната самоуправа бидејќи беше опасност за минувачите особено во ноќните часови.
С. Ивановски