Денес во Салон „Фоаје 1“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложба „Акварели“, дела на учениците од школата за цртање и сликање „Бели Мугри“ – Кочани.
36 акварели со различна тематика се изложени во „Фиаје 1“ и се достапни на љубителите на ликовната уметност од Кочани во следните две седмици, поточно до 22.05.2023 година..
За самата изложба и за делата на учениците зборуваше м-р Александра Димитрова –стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ