Седумдесетина цртежи изработени во различна техника синоќа беа изложени во Салон „Фоаје 2“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани како дел од изложбата „Анимирани цртани ликови“.
Делата се од талентирани ученици, членови на атељето за цртање и сликање при НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, кои изминатите неколку месеци ги подготвуваа под менторство на м-р Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.
Темата за учениците беше блиска и ним добро позната а тоа се анимираните цртани ликови, дела кои тие ги создаваа низ нивната фантазија и креативност.
Би било неправедно кога не би ги споменале сите овие млади и доста талентирани уметници кои со своите вешти раце допринесоа да биде поставена оваа изложба: Ева Иванова, Драгана Филипова, Ана Каранфилова, Радмила Јакимова, Борис Цветков, Софија Ристова, Катерина Севдинска, Наталија Лазарова, Ведрана Лазарова, Мила Захариева, Петар Мирчевски, Ина Стојменовска, Јана Ангелова, Бојана Крстова, Софија Беличева, Дамјан Шуперлиски, Лина Спасова, Андреј Митев, Андреј Велков, Илина Ангелова, Софија Гоцевска и Давид Горгиев.
Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 01.12.2023 година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ