ПЕТ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ „ФУНАКОШИ ГИЧИН ОПЕН“

март 10, 2024
1 min read

Пет медали освоија каратистите на Карате Клуб „Кочани“ на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин Опен“ што се одржа во Скопје.

Каратистите од Кочани на турнирот се појавија со девет натпреварувачи а на крајот беа освоени  1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

 

Наталија Карова го освои златниот медал во категоријата „јуниорки“ до 48 килограми, а сребрените им припаднаа на Лука Ѓоргиев, категорија „кадети“ до 52 килограми и  Илина Костадинова „ученици 10-11 години“ до 40 килограми. Бронзените медали завршија на градите на Илија Охомуш, категорија „јуниори“ до 76 килограми и Лука Златков „ученици 10-11 години“ до 46 килограми.

На турнирот зедоа учество 550 натпреварувачи од 45 клубови од 6 држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово).

„Задоволен сум од настапот на нашите натпреварувачи. Медалите се заслужено освоени, но со малку поголема спортска среќа можеа и другите четворица наши претставници да стигнат до некој медал. Но што е тука е, продолжуваме со работа и се надеваме на уште подобри резултати на претстојните натпреварувања“ беше изјавата на Игор Каров, тренер на КК „Кочани“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ