Деновиве започна поставувањето на специјални садови исклучиво за собирање на хартија и картон.
Тие се во непосредна близина на контејнерите а истите ги поставува компанијата „Еко проект“ – Кочани.
Со овие садови ќе се селектира комуналниот отпад од отпадот на хартија и картон. Засега компанијата ќе постави десет такви садови што не значи дека овде и ќе застане, напротив ќе се продолжи во континуитет поставување на повеќе локации се со цел да почне градот да заличува на град.
Доколку се покаже ефикасноста од овие садови од компанијата планираат во иднина до нив да поставуваат и садови со жолта боја во кои ќе се собира отпадот од пластика.
Да се надеваме дека совеста кај населението ќе започне да работи и дека ефектот од контејнерите и ваквите садови ќе ги даде посакуваните резултати.
С Ивановски