ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2023 ГОДИНА

јануари 9, 2024
1 min read

ПОВИК

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2023 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

  • најдобар спортист за 2023 година (прво, второ и трето место);
  • најдобар млад надежен спортист (прво, второ и трето место ;
  • најдобра екипа;
  • најдобар тренер;
  • спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 16 јануари 2024 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефони за контакт: 033 274 001 / 072 275 610

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ