ПРЕТСТОИ ИЗБОР НА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНИТЕ НА НЕКОЛКУ МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

септември 2, 2022
0 min read

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.

Согласно Статутот на Општина Кочани, изборот на нови членови ќе се реализира на собири на граѓани, кои во септември се планира да се организираат во седум месни заедници.

Во Оризари и во Прибачево изборот на нови членови на месните заедници е закажан за 13 септември, во 18:30 ч., во салата на поранешната општина Оризари и во 20 ч. во училишниот објект во Прибачево.

На 14 септември, собир на граѓани ќе се одржи во Горни Подлог, во објектот Амбуланта, од 18:30 ч., и во 19:30 ч. во ресторанскиот објект во селото Долни Подлог.

Изборот на новите членови за месните заедници Тркање и Бели ќе се одржи на 15 септември, во училишните објекти, во Тркање со почеток од 18:30, а во Бели во 20 ч.

На 16 септември со почеток во 18:30 ч. во ресторанскиот објект, односно во просториите на месната заедница, се планира да се одржи изборот на нови членови за месната заедница Мојанци.

Општина  Кочани