Невремето што попладнето го зафати Кочани им направи проблем на жителите на улицата „Питу Гули“. Имено столб на ЕВН се урна врз куќа на веќе спомнатата улица.
Жителите неколкупати ги известувале дежурните од ЕВН но од таму засега нема никаков одговор. Постои страв кај жителите бидејќи столбот е поврзан со жици низ кои протекува електрична енергија.
Инаку самиот столб од поодамна бил напукнат, жителите од „Питу Гули“ повеќе пати ги информирале надлежните служби од ЕВН но тие како да останале глуви на нивните молби.
Можеби денешниот инцидент ќе биде причината од ЕВН да го посетат овој дел од градот.
С. Ивановски