Во малата сала во „Мултикултурниот центар“ во Кочани се одржа најавената јавна трибина што ја организираше Локалниот младински совет на Општина Кочани на која беа утврдени приоритетите на програмата за работа на младинското тело.
На трибината на која присуствуваа претставници од младинските и средношколските организации, граѓани и членови на Советот на Општина Кочани беа презентирани предлог-приоритетите на младинската програма како во јакнењето на младинските капацитети, така и на сите останати активности кои ги засегаат младите во општината.
С. Ивановски