ПРОМОВИРАН АЛМАНАХ НА КНИЖЕВНИ ТВОРБИ ПО ПОВОД 82 ГОДИНИ ОД ИЗДАВАЊЕТО НА СТИХОЗБИРКАТА „БЕЛИ МУГРИ“

декември 18, 2021
0 min read

Во петокот во просториите на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани беше промовиран Алманах со литературни творби по повод 82 години од издавањето на Рациновата стихозбирка „Бели Мугри“.

„Вечерва го одбележуваме патрониот празник на НУЦК „Бели Мугри“ којшто од оправдани причини беше преместен за денес, наместо на 25 ноември, денот кога во 1939 година излезе од печат делото „Бели Мугри“ на поетот Коста Рацин. Алманахот е збир на литературни творби кои се напишани од 11 автори кои се пријавија на објавениот конкурс и твореа на тема „Како ги доживуваме Рациновите Бели Мугри“. Со објавување на Алманахот всушност одбележуваме 82 години од издавањето на стихозбирката „Бели Мугри“ и го чествуваме патрониот празник на нашата установа“ истакна Ана Поп Михаилова, в.д директор на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Издавањето на Алманахот е во рамки на годишната програма на Центарот за култура за одбележување на патрониот празник на установата, финансиски поддржан од Министерството за култура на РСМ. Издавањето е спонзорство од печатницата „Генекс“ – Кочани.