ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, „КОЧАНИ“ ДОМАЌИН НА ШАМПИОНОТ

септември 16, 2022
0 min read

За време на викендот продолжуваат натпреварите во Првата Фудбалска Лига за жени. На програмата се натпреварите од второто коло во кое повратникот во прволигашкото друштво „Кочани“ ќе го угости минатогодишниот Шампион „Љуботен“ од Тетово.

Двојки од второто коло:

„Кочани“ – „Љуботен“

„Каменица Саса“ – „Деспина“

„Ас Јунајтед“ – „Истатов“

„Борец“ – „Скопје“

„Тиверија“ – „Речица“

Слободна е екипата на „Шкендија“.

Натпреварот во Кочани кој ќе се одигра на стадионот „Никола Мантов“ е закажан за во Сабота со почеток во 12:00 часот.

С. Ивановски