Во конкуренција на 21 екипа од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, една од двете пријавени екипи на ДПД – Кочани го освои првото место со 50 секунди подобро време од второпласираната екипа.
Тоа е епилогот од денешниот Меѓународен противпожарен натпревар „ВИП 2024“ кој се одржа во Петроварадин кај Нови Сад (Република Србија).
Несомнено, ова е голем успех за членовите на ДПД – Кочани бидејќи ова е историја, односно ова е прв трофеј со највисок сјај од едно меѓународно натпреварување.
За поздравување е и резултат постигна од втората екипа на ДПД – Кочани копја на крајот го зазеде шестото место.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ