РЕАКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ШТО ЖИВЕЕ ОКОЛУ ПД „АСНОМ“

март 30, 2022
1 минути

Населението што живее околу Пионерскиот Дом „АСНОМ“  ги замолува  надлежните во општината да доколку се во можност испратат екипи за да се исчисти околината од расфрланиот смет кој ја нарушува чистата животна средина. Посебен проблем за нив како што наведуваат е насипот од јужната страна на „АСНОМ“ кај некогашното спортско детско игралиште кое личи на се, само не на игралиште.

Тие засега не инсистираат општината да мора да изнајде  средства за да се направи игралиштето, но убедени се дека има екипи кои ќе дојдат и во еден ден ќе го исчистат сиот расфрлан смет кој со години постои.

На потег се надлежните служби

С. Ивановски