Вака изгледа новото (реновирано) детско игралиште на северниот дел од „Паркот на револуцијата“.
Дали причината за ваквиот негов изглед по само две седмици откако беше ставено во употреба е до неквалитетното бојадисување или до однесувањето на посетителите не знаеме, но како и да е навистина не изгледа убаво.
Коментарите на присутните што ги затековме околу игралиштето е дека бојадисувањето е нанесено директно на слојот кој пред тоа бил р’ѓосан без да се има желба тој да се отстрани.
Како и да е, не изгледа убаво а инвеститорот треба под итно да побара одговорност од изведувачот и на негова сметка да ги отстрани сите недостатоци.
С. Ивановски