Во изминатиот период интензивно се работеше на расчистување и уредување на обраснатото корито на дел од Реката Масалница во Оризари.
Со механизација е исчистен простор од околу 6 илјади квадратни метри со сечење на диво израснати дрвја, вадење длабоки корења, машински ископи, порамнување и уредување на речното корито. Расчистувањето на кејот на Оризарска Река и хортикултурното уредување продолжува и во наредниот период.
Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.
Општина Кочани