СЕПТЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

септември 29, 2022
1 min read

Во организација на ОО Црвен крст Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната септемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 30  крводарители.


„Акцијата е шеснаесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а деветта во просториите на Црвениот крст.  Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата“ истакнаа од Црвен крст – Кочани.


Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.