Даријан Павлев, Филип Ангелов, Стојана Митева, Славица Митева, Едис Билалов и Јован Илиев се дел од училишниот летен спортски камп за борење кој во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се организира во Дојран.
На кампот со кој раководат Иван Јанев и Гоце Ангелов од БК „Спартак“ – Кочани учествуваат сите ученици кои во тековната година станаа државни прваци во борење на првенството кое се организираше од Федерацијата на училишен спот на Македонија.
Борачите се сместени во Хотел „Истатов“ во Стар Дојран а на располагање ги имаат спортските терени, спортската сала, базенот, со еден збор ги имаат сите услови несметано да ги одработат предвидените петдневни подготовки.
Со организирањето на овој камп Федерацијата на училишен спорт на Македонија на некој начин ги награди сите ученици-борачи кои во тековната учебна година станаа државни прваци во борење.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ