Фудбалерите од петте екипи „Сашко 1“, „Сашко 2“, „Сашко 3“, „Сашко 4“ и „Сашко 5“ се победници на првиот Меморијален Фудбалски Турнир „Сашко Романов“ кој денес по топло време се одржа на „Заградените терени“ во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“.
Натпреварот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон големиот љубител на спортот и успешен млад стопанственик Сашко Романов кој за жал прерано ги напушти најблиските, пријателите и овој свет.
Додека Сашко е присутен помеѓу народот тој постои, за него ќе се зборува а со овој турнир кој според најавите ќе стане традиционален сите ќе се потсетуваме на неговиот секогаш насмеан лик.
Вечна ти слава Саше.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ