Се играше 68’ кога домашниот играч Стојче Стојов влета во гостинскиот шеснаесетник каде Нуман Ајетовиќ го фаулираше по што судијата Кирил Смоквоски без размислување покажа на белата точка. Пеналот сигурно го изведе капитенот Тоше Манов кој гостинскиот голман Николче Симоновски го испрати ма левата страна а топката полувисоко заврши во десниот дел од мрежата. Заслужено водство на домаќините од 1:0 кое се покажа како конечен резултат.
Самиот натпревар и двете екипи го започнаа претпазливо бидејќи цената на бодовите беше превисока. И во таква игра домаќинките создадоа две убави шанси за гол, првиот удар заврши директно во добро поставениот гостински голман а во вториот обид само прекрасната интервенција на гостинскиот чувар на мрежата ја спречи радоста на домаќините.
Гостите нешто покажаа дури по примениот гол но сето тоа беа јалови напади.
Се на се натпревар кој не остави некој впечаток кај гледачите, но натпревар во кој домаќините дојдоа до посакуваната победа и ги зголемија шансите за избегнување на последните три места на табелата иако уште се наоѓаат во опасната зона.
Резултати од 22. коло:
„Осогово“ – „Новаци“ 1:0
„Охрид“ – „Беласица“ 2:1
„Победа“ – „Каменица Саса“ 2:1
„Башкими“ – „Детонит Плачковица“ 1:0
„Тетекс“ – „Кожуф“ 1:1
„Беса“ – „Караорман“ 3:0
„Пелистер“ – „Вардар“ (Н) 3:1
„Аресими“ – „Скопје“ 1:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ