Општина Кочани, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Одделението за внатрешни работи Кочани, деновиве, во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ реализираа едукативни активности чија цел е поголемо знаење кај децата заради нивна заштита како учесници во сообраќајот.
На учениците од прво одделение им беше поделен едукативно-информативен материјал со посочување на основните правила и прописи во сообраќајот кои тие треба да ги знаат и да ги почитуваат.
Под мотото ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, слични активности ќе се реализираат во сите основни училишта во Кочани. Тие претставуваат уште еден дел од кампањата за зајакнување на сообраќајната култура што годинава ја реализира Општина Кочани преку Програмата за сообраќај и Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите.
Општина Кочани