СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ (27.06.2022 ГОДИНА)

јуни 27, 2022
0 min read

ОД РЕПЕРТОАРОТ НА ТЕАТАРОТ „ОК на ДПМНЕ КОЧАНИ“

Уште една неуспешно реализирана претстава, уште едно симнување на маските.

Почитувани сограѓани,

Веста дека директорот на „Водовод“, Иван Иванов, после шест месеци заминува од функцијата е пример за класичната дволичност на претставниците на ДПМНЕ.

На 1 декември 2021 година, денот на неговото назначување, Иван Иванов изјави дека е спремен да го вложи целото свое знаење и умеење да го направи „Водовод“ европска фирма.

Истиот ден, Иван Иванов се обврза пред цела кочанска јавност дека граѓаните на Општина Кочани ќе ги добиваат потребните услуги кои ги испорачува ова претпријатие.

Сепак, во јуни 2022 година, се најавува негово заминување и оставање на јавното претпријатије во огромни загуби.

Освен експресните партиски вработувања, Кочанчани нема да дочекаат реализација на тие ветувања и повторно, по не се знае кој пат, се излажани, сега од првиот човек на „Водовод“ и првиот човек на градот, градоначалникот Папазов.

Да се прифати ваква функција е сериозен и одговорен потег и бара непристрасен и посветен пристап.

Да се избега од ваква функција за неполна година докажува колку некој е спремен да одговори на обврските и без тронка срам, истовремено да им сврти грб на сите оние кои му дале поддршка.

Дали е ова пример за кукавичлук или класичен пример на личен интерес?!

Сепак, станува збор за јавно претпријатие од кое зависат сите жители на Општина Кочани, а НЕ театарска сцена каде фукционерите на ДПМНЕ ќе си глумат додека не им здосади.

Што треба да очекуваме во иднина?

На која сцена планираат да ја одиграт нивната следна претстава?

Со почит,

ОО на СДСМ Кочани