СОСТОЈБАТА СО ПОВРЕДЕНИОТ АЛЕКСАНДАР МИТРЕВСКИ ОХРАБРУВАЧКА

Во Спорт
ноември 21, 2021
1 минути

На комшиското дерби „Осогово“ – „Слога 1934“ одиграно во рамките на 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, се случи мал инцидент кој во прв момент ги остави присутните без здив.

Имено при водство за домаќините од 1:0 во 73’ на една топка стартуваа гостинскиот играч Мартин Петровски и Александар Митревски од домашната екипа.

Митревски во желба да ја исфрли топката се вивна во воздухот, при тоа изгуби рамнотежа и директно на грбот падна надвор од теренот. Сликата непријатна за гледање. Се стрчаа медицинските екипи од двата клуба и додека се паркираше во непосредна близина возилото од Прва помош на Митревски долу на теренот му беше дадена прва помош, за да некоја минута подоцна со возилото биде префрлен во Кочанската болница.

Телефонски стапивме во контакт со повредениот Митревски и лично од него добивме информација дека по падот се исплашил да нема поголема повреда бидејќи едната нога во еден момент не можел да ја движи. По направените снимки во Медицински центар – Кочани бил испратен на компјутерско снимање во Штипската болница каде му било кажано дека има мали нагмечувања на грбот и му се препорачува мирување од месец дена.

Александар моментно е кај своите во Битола и доста оптимистички делува во разговорот. Овој дел од сезоната за него е завршена.

Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на зелениот терен каде неговите фудбалски способности доаѓаат до полн израз,

Те чекаме напролет Александар Митревски

С. Ивановски