На симболичен и достоинствен начин денес во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани на свеченоста која беше организирана од Наставничкиот совет на училиштето беа доделени признанијата на Првенецот и учениците во генерацијата 2018/2022 година.
Признанието „Првенец на генерацијата“ и беше доделено на Теодора Санева, ученичка во IV/7 паралелка, додека пофалници за континуиран одличен успех во сите четири години добија: Јована Петрова IV/6 паралелка и Марија Донева IV/7 паралелка.
На церемонијата посебно признание му беше доделено на ученикот Никола Малешевски од II/5 паралелка, за постигнатите врвни резултати на натпреварите по англиски јазик и за освоените највисоки места на Државните натпревари.
Признанијата на Првенецот на генерацијата како и на останатите најуспешни ученици им ги врачи Игор Христов – директор на СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани.
С. Ивановски