Како што дознаваме понатамошното изведување на работните активности на „Мала река“ од страна на Друштво за производство на електрична енергија ДИС Енергија ДОО Скопје од страна на водостопански инспектор се стопирани.
Имено, водостопански инспектор од Државен инспекторат за животна средина на 09.10.2023 година има извршено инспекциски надзор во кој ги утврдил сите недостатоци, и со Решение од 10.10.2023 година ги стопира понатамошните активности се додека не се отстранат утврдените неправилности:
Да се изврши чистење на затрупаното речно корито со враќање во првобитна состојба, да се превеземат заштитни мерки на карпест масив и косини над предвидена локација за машинска зграда, да се отстрани насипаниот материјал од реката за парцела КП 16944 КО Долно Градче култура река на вливот на акумулација на брана Градче под и над патот кој поминува непосредно под локацијата на предвидена машинска зграда затоа што нема водостопанска согласност за наведената парцела.
Рокот за извршување на дадената мерка е 60 (шеесет) дена по кој ќе се изврши контролен инспекциски надзор согласно законот.
Сето ова стои во Известувањето за извршениот инспекциски надзор.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ