Ознака: невреме
ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО КОЧАНСКО НА 24. ЈУНИ ОВАА ГОДИНА
Општина Кочани на ден 04.07.2024 година објавува јавна ОБЈАВА за поднесување на пријава на штета од елементарна непогода (град) на земјоделско земјиште настаната на територијата на општина Кочани на 24.06.2024 година (продолжување на рокот за поднесување на пријави) I. Се информираат граѓаните кои имаат претрпено материјална штета на земјоделско земјиште на територијата на општина Кочани…
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА МОЖНОСТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТА ОД НЕВРЕМЕ ВО КОЧАНИ
До 5 јули 2024 г. трае рокот за поднесување пријава на штета од елементарна непогода (град) на земјоделско земјиште настаната на територијата на општина Кочани на 24 јуни 2024 година. Граѓаните што имаат претрпено материјална штета на земјоделско земјиште на територијата на општина Кочани од невремето град, на 24.06.2024 година можат да поднесат писмена Пријава…
НЕВРЕМЕТО ПРОСЛЕДЕНО СО ГРАД ПРЕДИЗВИКА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ВО КОЧАНСКО
Невремето проследено со град, ветар, грмотевици и пороен дожд што во неделата, на 23 јули, зафати делови од општина Кочани предизвика штети на земјоделски насади во повеќе населени места. Градоначалникот Љупчо Папазов денеска се сретна со земјоделски производители од Кочанско, кои известуваат за штети на површини под пипер, пченка и кај лозови насади. По увидот…
КРАТКОТРАЕН ДОЖД, НО И ГРАД ВО КОЧАНИ
Метеоролошките предвидувања се остварија. Иако во главно целиот ден немаше ниту еден облак, денес попладне околу 17:30 часот Кочани го зафати силен дожд, а во централното градско подрачје имаше и град со големина како лешник. Ако е според народната дека „градот е до меѓа“ добро е ако го градот имаше само во централното градско подрачје…
ПРИЈАВИ НА ШТЕТИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО КОЧАНИ
Жителите на Општина Кочани кои имаат материјална штета предизвикана од невремето (поплава) што го зафати подрачјето на општина Кочани на 17 јуни и на 25 јуни 2023 година, можат да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди (поплава), најдоцна до 12 јули 2023 година….
САНАЦИЈА НА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО
По вчерашните обилни врнежи од дожд, екипите на КЈП “Водовод” Кочани спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Активностите се одвиваат во координација со Општина Кочани. Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на…
СЕ РАСЧИСТУВА ПАДНАТ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „БОРО ЛОВЏИЈА“
Вчера во вечерните часови падна потпорен ѕид на улицата “Боро Ловџија” во Кочани. По невремето кое го зафати градот и околината, ѕидот се урна и земјата се излизга на самата улица. Засега не се пријавени штети. Дежурните екипи на КЈП “Водовод” Кочани денес интервенираат и вршат расчистување на теренот. Се работи за разрушен потпорен ѕид…
СТОТИНА ПРИЈАВИ ЗА ШТЕТА ОД НЕВРЕМЕТО ВО КОЧАНИ СЕ ПОДНЕСЕНИ ДО ОПШТИНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПРОЦЕНКА
Над сто пријави до Општинската комисија за проценка на штета од елементарни непогоди поднеле граѓаните на Кочани за утврдување материјални штети во простории за домување и во комерцијални објекти, предизвикани од поплавата при неодамнешното невреме. По истекот на рокот за пријавување што траеше до почетокот на минатата недела, во Комисијата се евидентираат сите добиени барања,…
КАДЕ СЕ СЕГА ЕКИПИТЕ НА КЈП „ВОДОВОД“?
„Ние жителите од сега популарната улица Бел камен во Кочани јавно прашуваме каде се сега екипите од КЈП Водовод и нивниот адвокат да дојдат да видат што се се случува од она што со години го поправаат ама никако да го направат. Синоќешниот дожд и нивната немарност донесоа неколкуте куќи и дворови да бидат поплавени….
ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТППЕ КОЧАНИ И ДОБРОВОЛЦИТЕ ОД ДПД И ОД ЦУК АКТИВНИ 24 ЧАСА
Откако се смири невремето кое сношти го зафати Кочани веднаш на терен излегоа екипи од ТПП- Кочани и од ДПД – Кочани кои се распоредија онаму каде населението имаше најголема потреба од нивното присуство. Една група ги отстрануваше паднатите дрвја по коловозите и врз некои од возилата, а дрва паднати кои го стопираа сообраќајот имаше…
- 1
- 2