Ознака: пониква
ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ПОНИКВА БАРААТ ДА СЕ СОБЕРЕ НАСОБРАНИОТ СМЕТ
Првиот снег што падна денес на „Пониква“ привлече неколкумина наши сограѓани да излезат на воздух, да се прошетаат по снегот и да уживаат малку во поубави нешта од оние што некој им ги сервира веќе подолг период. Иако задоволни од првиот снег кој како што истакнаа падна на време сепак се згрозени од сметот кој…
ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ПОНИКВА
Од утринава Пониква е покриена со снежна бела покривка што дава една посебна убавина. Инаку денес точно на пладне измерени се 8 сантиметри снег кој и понатака ситно си паѓа. Според прогнозите се очекува дека годинава ќе има повеќе снег од минатите години. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
СЕ ОБНОВУВА ОШТЕТЕНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПОНИКВА
Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“. Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква….
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДБА НА НОВОПРОЕКТИРАНА УЛИЦА НА ПОНИКВА
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за изведба на новопроектирана улица со должина од 340 м, во СРЦ „Пониква“. Потпишувањето на договорот е по спроведена јавна набавка од Центарот за развој на Источниот Плански Регион, а за изведувач е избран „Дикор ЦД“ од Струмица. Реализацијата е со средства за планските региони обезбедени…
ПОНИКВА ПОТОНАТА ВО СМЕТ „СПРЕМНА“ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ
На Пониква се е спремно за дочек на посетителите во време на празниците. Убава природа, чист воздух, погата понуда од угостителите, уште само малку да се собере сметот и сликата ќе биде како во некоја „идилична приказна“. Чегата на страна, вака на ден пред мајските празници изгледа „Пониква“, човек да дојде, да ја посети и…
ПОНИКВА ПОД СНЕЖНА ПОКРИВКА
Наши читатели само што ни испратија фотографии од моменталната состојба на Пониква. Таа е под снежна покривка а за волја на вистината како што ни пишуваат снегот не престанува да врне. Фотографиите и клиповите најдобро ја отсликуваат моменталната состојба. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ПОБЕЛЕ „ПОНИКВА“
Најавите дека по топлите мартовски денови следува заладување на времето веќе во текот на вчерашниот ден се потврдија. Во текот на вчерашниот ден на повисоките места опаднаа температурите а на „Пониква“ падна и снег кој изнесуваше само неколку сантиметри кој во текот на денешниот ден почна да се топи. Како изгледа „Пониква“ во моментот од…
МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ НА ПОНИКВА ГИ ПОСЕТИ СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на зимското одмoралиште на МВР во Пониква каде што во овој период се сместени и престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители. Во рамките на оваа посета министерот Тошковски имаше чест да присуствува на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и во една пријателска…
ВО СРЕДА НОЌНО СКИЈАЊЕ НА „ПОНИКВА“
Како што не информираат од менаџерскиот тим под чии ингеренции се ски лифтовите на Пониква, во Среда (17.01.2024 година) на патеката 1 и патеката 3 ќе има ноќно скијање. Љубителите на скијањето за цена од 700 денари ќе можат да се скијаат во периодот од 17:00 до 20:00 часот. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА …
СТАРТУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОНИКВА
Обилните врнежи од снег кои на Пониква направија поголема снежна покривка се поклопија некако со терминот за започнување на скијачката сезона. Како што не информираат, денес во периодот од 10:00 до 15:00 часот љубителите на скијањето ќе можат да ја користат „Патеката 1“. За користење на „Патеката 3“ уште нема доволно снег за да истата…